Сè започна кога Дурен беше фаулиран од Даибате, грубо го оттурна со рака в лице. Тогаш Диабате целосно ги загуби нервите, замавна со тупаница кон ривалот и го бркаше по теренот, а брзата реакција на редарите спречи масовна тепачка.
Откако Диабате беше оттргнат од толпата хаосот го продлабочи Стјуарт кој иако не играше влета и влезе во физичка пресметка со Бриџс.
Тогаш настана нов хаос и голема турканица, а на крајот сите четири главни актери беа исклучени.






