понеделник, 8 декември 2025

Малку фалеше Пелистер да направи сензација во Париз, потклекна во завршницата кај ПСЖ

Еурофарм Пелистер загуби со 33-27 на гостувањето кај ПСЖ во 2. коло на ракометната Лига на шампионите, битолчани пропуштија шанса да приредат огромно изненадување и да го совлада фаворитот.

Објавено на

часот

Сподели

Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од Париз, но лесно можеше да се случи шампионот на Македонија да приреди сензација во престолнината на Франција.

ПСЖ во финишот од првото полувреме на два пати имаше +5, па дојде до мало опуштање кај домаќините, а Пелистер имаше фуриозна завршница и со серија од 0-5, успеа да се избори на пауза да замине со егал (16-16).

Шампионот на Македонија продолжи во исто темпо и на стартот од вториот дел, и успеа да поведе и со три гола разлика (20-23).

Квалитетот на ПСЖ сепак дојде до израз, домаќините ја анулираа предноста на нашиот тим, и потоа се играше гол за гол, се до 52. минута, кога нападот на Пелистер престана да функционира, а „светците“ почнаа полека да се одлепуваат.

На крајот резултатот гласеше 33-27, најмногу поради фактот што битолчани не дадоа гол во последните 8 минути од натпреварот.

Најефикасен во победничкиот состав беше Пранди со 11 погодоци, додека Манасков запиша пет голови за Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ