Португалија го имаше последниот напад, а во него колегата на Митревски, Мартин Томовски имаше две одбрани со кои спречи Португалците да поведат и веројатно да победат. Од друга страна пак ако Серафимов ја фатеше топката која му избега, ние ќе имавме напад и можеби ќе победевме.
„Ќе ни биде многу тешко против Романија затоа што е квалитетна репрезентација, ќе треба да победиме, а потоа да правиме математика. Не зависи само од нас исходот од оваа група кој оди понатаму. Може да биде доволен и триумф од еден гол, но и шест-седум погодоци да бидат премалку. Ние одиме да ја завршиме нашата работа, да победиме против Романија, па што ќе биде, нека биде. Ние тргнавме со помисла да победиме. Игравме добро во напад и одбрана. Избегаа на пет голови разлика, но успеавме да се вратиме. Малку ни недостасуваше да победиме, но исто толку и да изгубиме“, рече Митревски.
Последниот натпревар на Македонија од оваа фаза е во вторник со почеток од 18 часот.






