недела, 14 декември 2025

Мал трансфер кој привлекува големо внимание: Правнукот на Мусолини ќе заигра во Серија А

Романо Флоријан Мусолини, правнук на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, ќе заигра во Серија А откако Лацио го испрати на позајмица во Кремонезе.

Објавено на

часот

Сподели

Еден фудбалер во Калчото со години привлекува внимание, не поради своите игри, туку поради презимето на неговиот дрес, се работи за Романо Флоријан Мусолини, правнук на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.

Тој е дете на Лацио, а патот до успехот го градеше преку ниските лиги, прво се докажа во дресот на Пескара во Серија Ц, а потоа во дресот на Јуве Стабија во Серија Б.

Младото момче сега ќе добие шанса да се докаже и во Серија А откако Лацио го испрати на позајмица во Кремонезе, популарните „тигри“ ќе имаат и опција во целост да го купат десниот бек за 5 милиони евра.

Кога Романо Мусолини минатата сезона постигна гол во дресот на Јуве Стабија, навивачите на трибините го извикуваа презимето Мусолини и отпоздравуваа со фашистички поздрави, потег кој покрена бурни реакции и казни.

„Доколку моето презиме влијае врз мојата кариера, тоа ќе биде огромно разочарување. Што можам јас да направам? Според мене, најважно е какви партии прикажувам на теренот и луѓето да ме оценуваат на основа на моите фудбалски квалитети. Мојот прадедо Бенито беше многу важна личност а Италија, но сега сме 2024 и светот е променет“ – рече момчето во едно интервју од минатата година.

ФОТО: X/U.S. Cremonese

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ