Последен придонес во оваа статистика дојде минатата седмица во Бања Лука, каде што на Балканскиот сениорски шампионат, со учество на 11 држави, каратистите на „Макпетрол“ освоија четири бронзени медали.
Балканските првенства имаат дополнителна тежина и поради строгите критериуми за настап: право на учество имаат само најдобрите, односно првите четворица во секоја тежинска категорија од секоја земја.
Највредниот дел од портфолиото медали на клубот доаѓа во најсилните возрасни категории. Во сениорска и У21-конкуренција, „Макпетрол“ има вкупно 90 медали, додека во младинските категории (јуниори и кадети) се освоени 117 одличја, што ја потврдува и континуираната база на таленти што се развиваат во тимот.







