недела, 4 мај 2025

Македонските тенисерки загубија од Египет во Били Џин Кинг купот

Во разигрувањето за пласман во Били Џин Кинг купот кој се игра во Ларнака, Кипар, Македонија е празена од Египет со максимален резултат.

Објавено на

часот

Сподели

Стоилковска загуби од Хосам Салах во меч со три сета. Македонската одлично го започна мечот и го доби првиот сет со 6-0, но потоа се случи несфатлив пад.

Следниот меч ѝ припадна на Салах со 6-3, а тенисерката од Египет го доби третиот решавачки со 6-0.

Во вториот меч Ѓорческа го доби првиот сет со 6-0, но во вториот се предаде поради повреда при водство на противничката Ламис Алхусеин Абдел Азиз.

Го загубивме и мечот во двојки, за нас играа Божиновска и Митевска, тие беа поразени во два сета од Алхусеин и Бадви. Беше 6-2 и 6-2 за тенисерките од Египет.

Следен предизвик за нашите тенисерки ќе биде домаќинот Кипар, а во тој меч веројатно ќе бидеме без Ѓорческа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ