недела, 13 април 2025

Македонските тенисерки со победа над Јужна Африка го почнаа Били Џин Кинг купот

Македонските тенисерки со победа над Јужна Африка го почнаа настапот на Били Џин Кинг Купот кој се игра во Ларнака, Кипар.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска на програмата беше првото коло, а Македонија многу лесно стигна до победата.

Денот го започна Магдалена Стоилковска која за 40 минути ја совлада Дона ле Ру со 6-3 и 6-0.

Следуваше мечот на Ѓорческа со Мари Луис Ван Зил, македонската тенисерка победи со 6-2 и 6-1 за еден час игра.

Македонија со овие две победи го обезбеди триумфот против Јужна Африка, а дуелот во двојки ќе биде само формалност. Беа пријавени Стоилковска и Ѓорческа, но поради веќе обезбедената победа направена е промена, па за Македонија ќе играат Ана Митевска и Јана Божиновска.

На вториот меч од нашата група Норвешка со 2-0 го победи Косово, и во овој дуел допрва ќе се игра мечот во двојки.

Македонија утре игра против Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ