Македонија се наоѓа во групата Б, а противнички ни се репрезентациите на: Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка.
За Македонија настапуваат: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска, а деби на селекторската позиција има Кристијан Вангелов.
Во првото коло македонските тенисерки ќе играат против репрезентацијата на Египет, која заедно со Бугарија важи за фаворит за првото место во групата. Во составот на Египет двете прворангирани тенисерки имаа ранг: Сандра Самир (367. место ВТА) и Ламис Алхусеин Абдел Азиз (404. место ВТА).
Во второто коло во вторник Македонија ќе биде слободна.
Првиот ден покрај мечот Македонија – Египет од Б групата играат Бугарија – Јужна Африка, а слободна е селекцијата на Мароко.
На овој турнир Македонија игра без своите најдобри тенисерки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска.






