Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос ги совладаа Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ со 2-0 (6:2 и 7:5).
Во првиот сет тенисерите од Кипар успеаја да го добијат сетот со 6:2, додека во вториот сет беше неизвесно и единствениот брејк беше во последниот гем и Кипар со тоа го доби сетот со 7:5. За трета победа.
Со оваа победа во двојки Кипар поведе со недостижни 3-0 и ја завери победата.
Во договор на двајцата селектори дојде со промена. За Македонија во првиот сингл меч денеска ќе настапи Кристијан Јанев против Николас Кембел, а во вториот сингл меч за македонската репрезентација ќе игра Марко Алексовски против Константинос Мегалемос.
Резултатите од овие мечеви немаат влијание на конечниот резултат.
Македонија по овој пораз паѓа во Третата зона.






