сабота, 12 јули 2025

Македонските тенисери по голема борба ја победија Молдавија

Тениската репрезентација на Македонија со 2-1 ја совлада Молдавија, решавачки беше дуелот во двојки кој со 2-1 (6-4, 6-7, 6-3) го добија Ивановски и Мицов против Кјумак и Снитари.

Објавено на

часот

Сподели

Денот почна со победа за Македонија, Мицов со 2-0 во сетови го совлада Андреј Горбан, беше 6-3 и 6-4 за македонскиот тенисер. Поведовме со 1-0.

Но, Молдавија изедначи на 1-1 откако Калин Ивановски со 2-0 загуби од Илија Снитари. Молдавскиот тенисер го доби мечот со 6-3 и 6-2.

Дуелот во двојки требаше да го решава победникот во овој дуел.

По голема борба нашата двојка, Ивановски/Мицов со 2-1 во сетови ги совладаа Молдавците, Кјумак/Снитари.

Македонија го доби првиот сет со 6-4, но вториот во кој се играше тајбрејк ѝ припадна на Молдавија со 7-6, нашите тенисери пропуштија две меч топки. Сепак тоа не беше трагично, третиот решавачки сет го добивме со 6-3 за победа од 2-1.

Утре македонските тенисери играат против Ерменија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ