Во првиот денешен меч Стефан Мицов со 2-1 (6-7, 6-3, 6-4) во сетови го победи Микајел Аванесјан во дуел кој траеше нешто повеќе од три часа, Македонија води против Ерменија.
Во првиот сет двајцата тенисери ги добиваа своите сервиси, па се играше тајбрејк кој му припадна на Ерменецот со 7-4.
Интересен беше вториот сет во кој Авенесјан поведе со 3-0, по што Мицов се крена и зема шест последователни гема по што го доби сетот со 6-3 за израмнување на 1-1.
Во третиот решавачки сет Ерменецот имаше предност од 4-2, но почна да има силни болки во ногата, неколкупати бараше лекарска интервенција. Мицов го искористи тоа, доби четири гејма и го доби сетот со 6-4 за победа со пресврт од 2-1 и водство на Македонија од 1-0.
За разлика од Мицов кој добро се испоти за да дојде до триумфот во првиот меч, Ивановски немаше никаков проблем со Аветисјан.
Македонецот го доби првиот сет со 6-2, а во вториот беше перфектен, не загуби ниту ден гем, беше 6-0.
Со овие две победи, триумфот над Ерменија е обезбеден, мечот во двојки ќе биде само формалност.
Доколку денеска Летонија победи во дуелот со Молдавија, Македонија ќе обезбеди ранг погоре во Дејвис Купот.