сабота, 31 јануари 2026

Македонските тенисери без Ивановски против Кипар

Македонската Дејвис куп репрезентација следниот викенд ќе го одигра првиот дуел во 2026 година, му гостуваме на Кипар во меч од Втората Светска зона.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската тениска репрезентација за овој дуел ќе биде составена од: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски.

Селекторот Горан Шевченко на располагање ќе го нема нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, според неговиот тим од САД каде што се наоѓа сега, не е целосно подготвен.

Според селекторот Шевченко до промена на играчите може да дојде и на еден ден пред почетокот на мечевите.

За селекцијата на Кипар ќе настапат Мелиос Естатиу (787.АТП сингл ранг – 506. дубл ранг); Фотос Фотиадес (1.782 сингл ранг – 1.669 дубл ранг); Никола Кембел (без ранг сингл); Константинос Мегалемос (без ранг сингл)и Елефтериос Неос.

Мечот ќе се игра во Никозија на тврда подлога, во сабота (7.февруари) се играат два сингл меча и во недела (8.февруари) прво меч во двојки, а потоа двата други сингл мечеви.

Македонската репрезентација изминативе денови тренираше во Скопје, а во понеделник заминува за Никозија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ