среда, 8 април 2026

Македонските ракометарки вторпат загубија од Германија, пласманот на ЕП останува само теорија

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија со 27-35 (14-19) во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство, на натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“.

Објавено на

часот

Сподели

Фаворитките ја оправдаа улогата и уште во првото полувреме стекнаа солидна предност, која на моменти достигна и осум гола разлика. Македонија имаше периоди на добра игра, но честите грешки не дозволија резултатски приклучок. На паузата меѓу полувремињата резултатот гласеше 14-19 за гостинската селекција.

Во вториот дел Германија дополнително ја зголеми разликата, користејќи пад во нашата игра и правејќи серија со која го реши победникот. До крајот избраничките на Грчевски се обидоа, ама не успеаја да го ублажат поразот.

Во последното коло Македонија гостува кај Словенија, каде што ќе го затвори квалификацискиот циклус, со минимални шанси за пласман на Европското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ