Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски се собраа вo Скопје. Времето за воигрување е ограничено, бидејќи првиот натпревар е веќе на програмата в среда, кога македонските ракометарки ќе ја пречекаат селекцијата на Германија во арената СЦ Борис Трајковски со почеток од 18:00 часот.
Од Ракометна федерација на Македонија донесоа одлука влезот за овој натпревар да биде слободен, со цел репрезентацијата да добие поголема поддршка.
По пресметката со Германија, македонскиот состав го очекува и гостување кај Словенија на 12 април.






