недела, 12 април 2026

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство

Женската македонска ракометна репрезентација го загуби последниот квалификациски меч од Словенија со убедливи 18-27 но како една од четирите најдобро третопласирани ќе оди на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Пораз кој не боли, загубивме во Словенија, но се радуваме на пласман на ново Европско првенство. Имаме гол разлика со која како една од четирите најдобро третопласирани селекции одиме на шампионатот.

Словенките уште еднаш покажаа дека се многу подобри од нас, првото полувреме го добија со 15-8, а во вториот дел бевме подобри отколку во првиот, а и Словенците го измешаа составот, па конечниот резултат изнесуваше 27-18 за Словенија.

Најдобра во македонската репрезентација беше голманката Андреа Илиќ која запиша 13 интервенции, многу важни за крајната гол разлика.

Македонија третпат по ред оди на Европското првенство. Ова се игра во дури пет земји, Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Од 3 до 20 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ