Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи приходот од билетите кои чинат по 100 денари да го донира за настраданите во несреќата во Кочани.
Натпреварот се игра на 12 април во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Продажбата на влезници започна денеска, а освен преку интернет и во Битола тие ќе може да се купат и на продажни места во Скопје, Штип, Струмица, Охрид, Тетово, Гостивар, Куманово, Прилеп и во Велес.