Познати се шеширите за ждрепката која ќе се одржи на 15 мај. Македонија е во третиот.
Прв шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
Втор шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови
Трет шешир: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија
Четврти шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија и Украина.
Европското првенство ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари, 2026 година.
Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи со по четири тима. Групата А и Б ќе се игра во Данска, Ц и Д ќе се играат во Норвешка, а Е и Ф во Шведска.