понеделник, 8 декември 2025

Македонските ракометари ќе имаат две контроли со Јапонија

Првата ЕХФ недела оваа сезона, македонската ракометна репрезентација ќе ја искористи за одигрување на два пријателски натпревари против Јапонија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија полека ги почнува подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во јануари наредната година. А првите тестови ќе бидат против Јапонија.

„Со ‘Трофејот Македонија’ оваа недела не е крајот на нашите обврски околу репрезентациите. До крајот на годинава имаме уште неколку важни турнири и квалификации. Пред се, машката У18 репрезентацијата во Луксембург ќе игра квалификации за пласман на Европското првенство во 2026 година и нашите цели се јасни – пласман на шампионатот. Таа селекција веќе имаше неколку настапи и сметаме дека има капацитет да се пласира на голем настан. Во У19 ни доаѓа Словачка на пријателски двомеч, а што се однесува до сениорската репрезентација, закажавме двомеч со Јапонија на домашен терен на 30 октомври и 1 ноември и со тоа ќе почнат подготовките за Европското првенство во јануари. Наскоро треба да одржиме состанок со селекторот Кирил Лазаров на кој ќе го утврдиме планот на подготовките и сето она што му е потребно пред првенството во Данска“, рече претседателот на РФМ, Александар Стефановски.

Директорот на репрезентациите Филип Миркуловски посочи дека се договорени деталите околу продолжувањето на соработката со сите селектори, вклучувајќи го и Кирил Лазаров и дека останува само наскоро да биде ставен потпис на договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ