недела, 14 декември 2025

Македонските прволигаши ќе поделат 100.000 евра од УЕФА

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе ѝ префрли на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сума од 101.000 евра кои таа треба да им ги подели на македонските прволигаши, парите се од фондот за солидарност кој го поддржува развојот на младите фудбалери.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за пари кои треба да ги поделат клубовите кои не играле во групната фаза од европските натпреварувања во минатата сезона, а тоа значи дека сите наши прволигаши ќе добијат дел од оваа сума.

Одговорна за распраделбата на парите е Фудбалската федерација на Македонија која одлучува за критериумите и ја регулира дистрибуцијата. Според насоките на УЕФА, парите треба да се поделат подеднакво, а ако федерацијата сака да примени друг систем на распределба мора да поднесе образложене до Европската куќа на фудбалот.

Исто така се потенцира дека парите мора да се користат во младинските категории за развојни активности и програми.

Не е познато дали од оваа сума пари ќе добијат и Гостивар и Воска кои беа исфрлени од лигата. Доколку не добијат, останатите десет клуба (Шкендија, Силекс, Работнички, Струга Трим Лум, Вардар, Пелистер, Шкупи, Тиквеш, Брера, Беса) ќе добијат по 10.100 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ