По вчерашната победа над Летонија, денеска избраниците на Јошко Миленковски беа немоќни против Грција.
Македонија најмногу поени освои во првиот сет кој ѝ припадна на Грција со 25-22. Во вториот Грците беа подобри со 25-21, а во третиот со 25-20.
Следниот предизвик за одбојкарите ќе биде на домашен терен бидејќи на 20 јуни во Струмица прво ќе го пречекаме Израел, а два дена подоцна и Црна Гора.