Македонија добро го почна мечот, поведовме со 6-3, но брзо се променија работите, на крајот Грција убедливо го доби првиот сет со 25-18.
Слично беше и во вториот сет, се држевме само во воведниот дел, а потоа Грците покажаа дека се поквалитетна селекција и го добија сетото со уште поубедливи 25-15.
Најголем отпор пруживме во третиот сет, имавме и сет топка, не ја искористивме, а Грците не простуваат, го земаа сетот со 26-24 и дојдоа до победата од 3-0.
Пласманот на Европското првенство сега ќе треба да го обезбедиме во натпреварот против Белорусија кој ќе го играме на домашен терен.






