недела, 13 јули 2025

Македонските одбојкари поразени и од Израел

Машката македонска одбојкарска репрезентација го доживеа четвртиот пораз во петтиот натпревар од Европската златна лига, овојпат загубивме со максимални 3-0 (25-22, 25-16, 25-18) на мечот кој се играше во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Израелците доминираа во текот на целиот меч, Македонија најмногу отпор пружи во првиот сет кога освоивме 22 поени. Во вториот и третиот сет бевме далеку послаби од противникот.

Александар Љафтов со 12 поени, Никола Ѓоргиев со 10 и Лука Костиќ со осум беа најефикасни во македонскиот тим.

Македонија по пет одиграни меча во Европската златна лига има четири порази и само една победа.

Следниот меч го играме во недела кога ќе се сретнеме со Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ