сабота, 12 јули 2025

Македонските одбојкари лесно ја победија Црна Гора за втор триумф во Златната лига

Македонската одбојкарска репрезентација со максимални 3-0 (25-20, 25-21, 25-13) ја совлада Црна Гора во меч од шестото коло од Златната европска лига кој се играше во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Јошко Миленковски овојпат одиграа на високо ниво, противникот немаше шанси, Македонија лесно дојде до победата.

Не беше Црна Гора толку далеку, но Македонија најчесто беше во водство и во клучните моменти беше подобра. Првиот сет го добивме со 25-20, а слично беше и во вториот кога на Црногорците им дозволивме еден поен повеќе.

Во третиот сет нашите одбојкари беа најубедливи и го добија со 25-13 за конечен триумф.

Овој триумф за Македонија е втор по победата над Летонија во третото коло.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ