Полска беше фаворит во овој дуел, а така беше и на теренот уште во првата минута. Пред да почнат головите, Полјаците создадоа неколку добри шанси.
Резултатот беше отворен во 22. минута кога по едно нафрлување од левата страна, Зенделовски си ја погоди сопствената мрежа. Тоа беше и едниствениот гол во првото полувреме.
Преостанатите два гола Полска ги постигна во второто полувреме и тоа во период од само три минути, прво Регула во 65. минута, па Пиенко по еден соло продор само три минути подоцна.
По овој пораз избраниците на Горан Станиќ ги очекува натпреварот на домашен терен против Италија кој е закажан за 9 септемри во Битола во терминот од 18:15 часот.






