понеделник, 14 јули 2025

Македонските надежи со пораз од Фарски Острови го почнаа настапот на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација до 21 година немаше позитивен старт на Мундијалот кој се одржува во Полска откако одигра загуби во првото коло од селекцијата на Фарски Острови со 33-28, разликата ја направи неверојатниот Оли Мутин кој даде речиси половина од головите на противникот.

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата на Фарски Острови на големиот турнир до 21 година настапува со вајлд-карта, но и покрај тоа беше фаворит на денешниот меч со Македонија и ја на теренот ја оправда таквата улога.

Првото полувреме беше израмнето, репрезентациите се менуваа во водство, во финишот Фарски Острови беа подобри и на одморот заминаа со еден гол позитива, беше 16-15.

Во второто полувреме нашиот противник беше подобар, почна полека да се одлепува и да создава предност од повеќе голови разлика, на крајот победија со пет, конечниот резултат беше 33-28 за Фарски Острови.

Најдобри стрелци кај Македонија беа Калајџиески и Узунчев со по шест гола, а Фарски Острови го имаа неверојатниот Мутин кој постигна дури 15 погодоци.

Следниот меч на Македонија е веќе утре против селекцијата на Романија, натпреварот почнува во 14 часот. Романците во првото коло го совладаа Исланд со 29-25.

Првите две од групата продолжуваат во следната фаза, па доколку сакаме да одиме таму ќе ни биде неопходен триумф на утрешниот меч против Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ