Натпреварот на „Петар Милошевски“ во Битола тргна со гостинска офанзива, а нашите фудбалери се бранеа во првиот половина час. Резултатот беше отворен во 33. минута од натпреварот, стрелец беше Кокаба по асистенција од Драчал за 0-1. Со овој резултат се замина на паузата, а нашата селекција беше немоќна и немаше сили да парира.
Во вториот дел Станиќ се обиде да освежи со неколку измени, меѓутоа ниту тоа не беше доволно добро. Македонија играше еден неубедлив натпревар, немаше шут кон противничкиот гол до самиот крај.
Пех и проблем беше и црвениот картон на Андрија Димески кој во седум минути доби две јавни опомени.
Македоија по шест кола има само една победа во групата Е, онаа против Ерменците во Битола и пет порази од сите останати ривали, а Полска веќе двапати нè порази.






