недела, 7 декември 2025

Македонските надежи до 19 години со победа над Естонија го завршија турнирот во Португалија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години успеа да победи во последниот натпревар од квалификацискиот турнир во Португалија за елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, ја совладавме Естонија со 2-0.

Објавено на

часот

Сподели

По поразите од Белгија и Португалија, Македонија дојде до триумф над Естонија и на третото место го заврши турнирот.

Саботиќ во првото полувреме и Љатифи во вториот дел беа стрелци на головите за Македонија.

Португалија и Белгија одиграа нерешено 1-1, овие две екипи со по пет бода ги освоија првите две позиции и одат во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство до 19 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ