Марко Трајановски ќе ги започне своите први борби по освојувањето на златниот медал на Европското MMA првенство оваа година. Тој ќе се бори во категоријата до 88.4 кг против: Алекса Зујовиќ од Црна Гора и Франческо Батистата од Австрија.
Вања Гавриловски, пак, ќе ги започне своите први борби против Даниел Билбак од Полска и Дарко Димитриев од Македонија во категоријата до 65.8 кг.
Вања има 3 победи и 1 пораз во својата кариера, а Марко држи рекорд од 11 победи и 2 порази.
Зад Македонската ММА Репрезентација стојат најдобрите тренери во Македонија – Ивица Алексовски и Стефан Печевски.
Даниела Алексовска, нашиот Европски шампион, не успеа да најде противник за ова издание на МФЦ, но продолжува со подготовките за Светското ММА Првенство.