вторник, 1 април 2025

Македонските млади ракометари одиграа реми со Полска

Младинската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено на турнирот во Полска против домашната селекција, натпреварот заврши 24-24.

Објавено на

часот

Сподели

Нашите надежи одиграа добар натпревар, бевме израмнети со противникот. Во првото полувреме Полска имаше предност од 14-13, но во вториот дел ние бевме подобри за еден гол, па ремито беше најреален исход.

На минута ипол до крајот Македонија водеше со 24-23, но Полска успеа да изедначи од пенал на 24-24.

Полјаците го имаа последниот напад на мечот, но Брестовац го одбрани нивниот удар и го зачува нрешениот резултат.

Следниот натпревар на младинците е дуелот против Алжир кој исто така се игра во Полска.

Овие натпревари се дел од подготовките за избраниците на Раде Стојановиќ за младинското Светско првенство кое ќе се одржи во Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ