сабота, 14 март 2026

Македонските кошаркарки високо поразени на гости во Грција

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Грција, откако загуби со 101-47 во квалификациите за следното Европско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќинките уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и брзо ја презедоа контролата над натпреварот. Македонија имаше многу проблеми и во нападот и во одбраната, па Грција лесно создаде висока предност уште во првата четвртина која ја доби со убедливи 29-7. Во вториот период македонскиот тим покажа нешто подобра игра и успеа да одржи порамноправен ритам, но негативата остана висока и на паузата Грција водеше со 49-22.

Разликата дополнително порасна по третата четвртина, во која Македонија постигна само пет поени, по што домашната селекција стигна до огромна предност од 77-27. До крајот Грција рутински ја задржа контролата и славеше со убедливи 101-47.

Најефикасна кај Македонија беше Мерит Хампе со 21 поен, додека Александра Стојановска постигна седум. Во грчката селекција по 18 поени реализираа Фасоула и Кримили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ