Нашата селекција која е подмладена, немаше шанса на гостувањето кај Данска иако оваа селекција ја совладавме во Скопје.
Сепак овојпат беше поинаку, селекторот Ашаданов не можеше да смета на неколку важни кошаркарки меѓу кои и на Анџелика Митрашиновиќ.
Со таквиот скрпен состав не можевме да се носиме со Данска која доминираше од почетокот до крајот и славеше со 125-57.
Најефикасна кај нас беше Мерит Хјемпе со 27 поени, а двоцифрена беше само уште Селчова која средбата ја заврши со десет постигнати поени.






