вторник, 31 март 2026

Македонските кошаркарки ги дознаа ривалките во претквалификациите за ЕП 2029

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за претквалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година.

Објавено на

часот

Сподели

Десетте селекции кои не ја минаа првата фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година, се поделени во три натпреварувачки групи, две од нив со по три селекции-учесници и една со четири.

Согласно со ждрепката, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во групата „Ц“, заедно со репрезентациите на Романија и на Естонија.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза.

ГРУПИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2029

ГРУПА А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска
ГРУПА Б: БиХ, Норвешка, Кипар
ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Романија, Естонија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ