четврток, 11 декември 2025

Македонските кошаркари подобри од Швајцарија на првиот пријателски меч

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Швајцарија со 62-56 во првиот од двата пријателски натпревари кои се играат во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски Бањи.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија лошо го почна мечот, по три минути игра беше 7-0 за Швајцарија, а ние првите поени ги дадовме дури во четвртата минута. Но, како одминуваше натпреварот се стабилизиравме. Сепак првиот период им припадна на Швајцарците со 15-11. Во втората четвртина Македонија комплетно го сврте резултатот и на одморот заминавме со наша предност од 36-30.

Имавме фуриозен почеток на вториот дел, дојдовме до 20 поени предност, беше 53-33 за нас. Селекторот Илиевски реши да им даде шанса на сите кошаркари, во последните три минути од третиот дел играше веројатно и најмладата петорка која сме ја имале во една сениорска селекција. До крајот Македонија рутински го приведе мечот за победа од 62-56.

Најефикасен беше Митревски со 15 поени, сите од тројки, а двоцифрен беше уште Вајли со 13.

Утре во истиот термин (19 часот), Македонија и Швајцарија ќе одиграат уште еден меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ