понеделник, 9 февруари 2026

Македонските каратисти вратија злато и сребро од младинското ЕП

Македонските каратисти имаа успешни настапи на младинското Европско првенство и донесоа злато и сребро.

Објавено на

часот

Сподели

Матеј Белистојаноски победи во конкуренцијата до 67 килограми и се закити со златниот медал. Младото момче во финалето го доби Георгиос Балиотис од Грција со 2-0 и го освои најсјајното одличје.

Освен него, успех забележа и Немања Младеновиќ. Тој иако загуби во финалето во категоријата над 70 килограми, се закити со сребрен медал од шампионатот во Лимасол.

Марко Џорлев во категоријата кадети до 63 килограми заврши на петтото место, а победи забележа и Мерван Мемеди во категоријата до 52 килограми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ