четврток, 9 април 2026

Македонските футсалци со победа над Бугарија ги почнаа квалификациите за СП

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2:0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани.

Во 18. минута имавме можност да стигнеме и до поубедлива предност, но Тони Киревски не успеа да реализира пенал.

На почетокот од второто полувреме, Владимир Бахаров го постигна единствениот гол за Бугарија.

Во самиот финиш на натпреварот, избраниците на селекторот Газменд Хисејини на два пати ја затресоа мрежата на противникот за убедлива победа.

Во 38. минута, голманот Антонио Петровски зголеми на 3:1, а само педесетина секунди подоцна нов погодок за Рамадани за конечен триумф од 4:1.

Следен противник ни е репрезентацијата на Турција и доколку успееме да забележиме победа со сигурност освојуваме една од првите две позиции во групата кои водат во следната фаза од мундијалските квалификации.

Почетокот на натпреварот е закажан за утре во 15 часот и 30 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ