сабота, 7 март 2026

Македонските фудбалерки ја победија Андора во Битола

По поразот од Азербејџан во првото коло, македонската женска фудбалска репрезентација денеска со 3-0 ја совлада репрезентацијата на Андора во квалификациите за Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Доминираа нашите фудбалерки денеска на теренот во Битола и сосема заслужено ја оправдаа фаворитската улога, а победата со оглед на шансите лесно можеше да биде и поубедлива.

Резултатот го отвори Теона Галабовска по само 17 минути игра, а три минути подоцна истата фудбалерка беше во улога на асистент, стрелаше Симона Мејер.

Со предност од 2-0 избраничките на селекторот Андов замина и на паузата. Конечниот резултат го постави 17-годишната Меланија Грозданова со убав гол во 83. минута.

Во следното коло, идниот месец на 14-ти Македонија одново ќе игра на домашен терен и тоа против селекцијата на Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ