Пред нашите фудбалери останаа уште две пречеки за историски успех, пласман на Мундијал.
Првата е онаа во Копенхаген против Данска, а ако ја минеме ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.
Нашите фудбалери предводени од новиот селектор Седлоски со оптимизам тргнаа кон Данска и ветија максимум за резултат кој ќе ја израдува македонската јавност.
Мечот меѓу Данска и Македонија се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.







