Македонските фудбалери по поразот од Данска во Копенхаген ќе се судрат со Ирците кои на пенали загубија од Чешка исто така во полуфиналниот бараж за Светското првенство. Пријателскиот меч ќе се одигра во Даблин, а нашите фудбалери веќе отпатуваа кон островската земја.
Неколку измени има во тимот на Гоце Седлоски, бидејќи поштеда добија Бојан Миовски и Јани Атанасов, а од репрезентацијата се повлече Александар Трајковски.
Натпреварот меѓу Ирска и Македонија се игра во вторник во 20:45 часот.






