четврток, 10 јули 2025

Македонските екипи ги добија судиите за првото коло во европските квалификации

На десетина дена до одигрувањето на првите натпревари од квалификациите во европските купови, македонските преставници Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа судиите.

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а прв противник им е ТНС од Велс. Тетовскиот тим првиот меч го игра на 8. јули на гостински терен, а правдата на тој дуел ќе ја дели ирскиот арбитар, Рон Хенеси. Реваншот во Скопје ќе го суди Сајат Карабајев од Казахстан.

Вардар на 10. јули ја пречекува екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, тој меч ќе го суди Антоан Кјарамон од Андора, а реваншот му е доделен на Арон Вин Џонс од Велс.

Силекс првиот меч против Дечиќ ќе го игра на гости, дуелот во Црна Гора ќе го води Завен Ховханисјан од Ерменија, мечот во Скопје кој се игра недела дена подоцна ќе го суди Виктор Шимусик од Белорусија. Тој дуел ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

Работнички игра против Торпедо од Белорусија, а првиот дуел кој го игра на гостински терен ќе го суди Алеко Аптсиаури од Грузија, тој меч ќе се игра во Унгарија. Реваншот е на Градски во Скопје, а главен судија ќе биде Јон Орлик од Молдавија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ