недела, 13 април 2025
Шанса за уште две златни медали за Македонија

Македонските борци во финалето на МФЦ 21 во Црна Гора – Марко Трајановски и Вања Гавриловски

Двајцата претставници од Македонија, Марко Трајановски и Вања Гавриловски, се пласираа во финалето на MFC 21 (Montenegro Fighting Championship), кое ќе се одржи на 6 април 2025 година во Бар, Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

По доминантната победа на Марко Трајановски против претставникот на Австрија, Франческо Батистата, тој ќе се соочи со домашниот борец Алекса Зујовиќ во категорија до 88.4 кг. Од друга страна, Вања Гавриловски ќе влезе во октагонот против Урош Вучиниќ, исто така од Црна Гора, во категорија до 70.3 кг.

Финалните борби ќе се пренесуваат во живо на Adriatic Sport Live TV, со почеток од 19:00 часот.

Ги повикуваме сите љубители на боречките спортови да ги поддржат Марко и Вања во нивниот пат кон златo за Македонија на меѓународната сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ