сабота, 6 декември 2025

Македонски навивач отиде да го гледа Ренџерс и доби дрес од Миовски (ФОТО)

Фудбалскиот фанатик, Љубомир Димовски на кому му е хоби да посетува натпревари, синоќа беше присутен на мечот меѓу Ренџерс и Брага од Лига Европа кој заврши 1-1.

Фото: Инстаграм/Љубомир Димовски

Објавено на

часот

Сподели

По натпреварот преку социјалните мрежи тој ја сподели атмосферата од мечот, слика со Миовски, но и слика од дрес кој го добил од македонскиот репрезентативец.

Љубомир Димовски постојано патува на натпревари, досега има отидено на 211 меча, посетил 80 различни стадиони во 32 различни земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ