Дербито од четвртфиналето ќе биде меѓу Ријека и Хајдук, но за нас е поинтересен дуелот меѓу Славен Белупо и Локомотива Загреб.
Тоа ќе биде дуел на Илија Несторовски кој игра за Славен Белупо и Александар Трајковски кој неодамна попиша за Локомотив Загреб и веќе дебитираше за овој тим.
Куп на Хрватска четвртфинале:
Риека – Хајдук
Славен Белупо – Локомотива
Динамо Загреб – Куриловец
Вараждин – Горица
Овие натпревари ќе се играат на 3 и 4 март идната година.






