вторник, 9 декември 2025
Нашата Ивана Пројковска судеше полуфинале на женската Копа Америка

Македонската судијка Пројковска е мета на критики од Колумбијките и покрај нивната победа над Аргентина (ВИДЕО)

Македонската фудбалска судијка ја делеше правдата на мечот од полуфиналето на женската Копа Америка меѓу Колумбија и Аргентина, по крајот на мечот таа доби критики за една одлука од страна фановите на победничката селекција.

Објавено на

часот

Сподели

Колумбија го доби мечот по изведување на пенали, во регуларниот тек, а и по продолжението немаше голови.

На Пројковска и се замерува за еден недосуден пенал по една блокада на аргентинска фудбалерка со рацете.

„Господа од КОНМЕБОЛ нека не биде толку очигледно дека ВАР на Копа Америка служи за помош на Аргентинките“, гласи еден од повеќето коментари.

Некои не беа задоволни ниту од целосната арбитража на Пројковска.

„Ниту ужасното судење на Пројковска не успеа да ја исфрли Колумбија, иако во текот на натпреварот констатно судеше на наша штета“, истакнува друг фан.

Пројковска важи за една од најдобрите женски судијки во фудбалот, токму затоа доби покана од Копа Америка, а дури и беше доделено полуфинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ