Нашите спринтери во состав Михаил Петров, Јован Стојоски, Марко Алексовски и Андреас Трајковски истрчаа со време 40,89 секунди и поставија нов државен рекорд во оваа дисциплина освојувајќи го првото место на трката.
Зад нас остана штафетата на Сан Марино со повеќе од секунда заостанување, а трета беше Ерменија.
Претходно победи за Македонија донесоа Андреас Трајковски во скок во далечина и Дарио Ивановски на трката на 5.000 метри.
По првиот од двата дена на Европското екипно првенство, Македонија е осма со 156 бодови, прв е Исланд со 260.