Денеска во Македонија никому не му беше до спорт, сите беа во шок и тагуваа по жртвите што ги зеде пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ), побара од ЕХФ натпреварот да биде одложен, но Европската куќа на ракометот немаше слух за тоа што се случува во нашата земја, па го одби барањето.
Македонските ракометари немаа друга опција освен да го одиграат натпреварот, а тој започна со минута молк за жртвите од Кочани.
Во текот на првото полувреме се случи и голем пех, еден од нашите најдобри ракометари, Марко Митев доби тешка повреда по која беше изнесен од теренот на носилки.
Словенците на одмор заминаа со водство од 20-12, а конечниот резултат беше 38-27.
Во составот на Македонија најефикасен беше Кузмановски, кој постигна шест гола.