среда, 16 април 2025

Македонија загуби од Кипар во последниот дуел на Били Џин Кинг купот

Македонската тениска репрезентација ги загуби двата меча во сингл од домашната селекција на Кипар во последниот дуел кој го имавме на Били Џин Кинг купот.

Објавено на

часот

Сподели

На денешните натпревари не настапи нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која се повреди на дуелот против Египет.

Прва играше Ана Митевска која освои само два гејма против Нина Андроничу. Беше 6-2 и 6-0 за тенисерката од Кипар.

Втора на терените излезе Магдалена Стоилковска која ѝ пружи поголем отпор на својата противничка Дариа Фрајмен, но и таа го загуби мечот. Беше 6-4 и 6-3 за домашната тенисерка.

Останува да се одигра уште мечот во двојки, за Македонија ќе настапат Божиновска и Митевска, но тој натпревар ќе нема резултатско значење.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ