недела, 28 декември 2025

Македонија загуби од Хрватска на првата контрола пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 23-26 во првата контролна средба пред почетокот на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Кире Лазаров денеска го имаа првиот тест, во Пореч игравме против Хрватска која не беше во најсилниот тим со кој ќе биде на континенталниот собир. Хрватскиот селектор им даде продолжен одмор на главните ѕвезди.

Хрватите постојано водеа во текот на мечот, а ние бевме оние кои го бркавме резултатот. Во првото полувреме најрасположени наши ракометари беа капитенот Филип Кузмановски и голманот Никола Митревски. Првите 30 минути ги загубивме со три голови разлика, беше 14-11 за домаќините.

Во вториот дел се активираа и другите наши ракометари, бевме порамноправни, неколкупати дојдовме и до -1 разлика, но не успеавме да го свртиме резултатот. Конечниот резултат беше 26-23 за Хрватска.

Филип Кузмановски со седум голови беше нашиот најефикасен ракометар, дури шест од нив постигна во првото полувреме, Серафимов и Ненад Костески постигнаа по три погодоци, Петар Атанасијевиќ погоди двапати. Митревски мечот го заврши со 12 одбрани, Галевски спречи два седмерци на Хрватите.

Играч на мечот беше голманот на Хрватска Славиќ кој имаше дури 16 интервенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ