четврток, 26 март 2026

Македонија во Копенхаген го продолжува сонот за Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација ја чека нов предизвик во баражот за Светско првенство, гостување кај Данска во Копенхаген.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-жолтите“ влегуваат во овој циклус со нов селектор, Гоце Седлоски, кој нема многу време за промени и ќе се потпре на веќе проверениот костур на тимот. Во составот има неколку нови имиња како Имран Фетаи, Дани Мусовски и Себастијан Херера, а се враќаат и Бобан Николов, Љупче Дориев и Егзон Бејтулаи. Од другата страна, Данците имаат проблеми во одбраната и ќе настапат без неколку стандардни играчи, но главни адути остануваат Кристијан Ериксен и Расмус Хојлунд.

Македонија до баражот стигна со добри игри во Лигата на нациите, иако последниот впечаток беше тежок пораз од Велс со 1-7 во Кардиф. Што се однесува до противникот, тие испуштија две шанси против Белорусија и Шкотска да си обезбедат виза за Мундијалот директно, па место ќе бараат преку баражот.

Традицијата е благо на страната на Македонија против Данска, вклучувајќи ја и победата од 3-0 во Скопје во 2013 година, што дава дополнителен мотив пред овој важен натпревар. Претходно во далечното минато и во претходниот милениум ремизиравме во Скопје (1-1), па загубивме на гости (1-0).

Овојпат патот до Мундијалот не изгледа невозможен како во претходниот бараж кога налетавме на Италија и Португалија. Сепак, јасно е дека ќе биде тешко бидејќи и Данска е селекција која е меѓу најдобрите десетина во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ