Најголем отпор пружи машката ракометна кадетска репрезентација која загуби од Хрватска со 27-19. На полувреме беше 10-10. А противникот во вториот дел додаде гас и дојде до убедлив триумф.
Слично поминаа и ракометарките кои загубија од Исланд со 29-22. За разлика од машите, тука уште во првото полувреме беше јасно кој ќе биде победникот откако противничките на одморот заминаа со предност од 16-9.
Максимални порази од по 3-0 забележаа македонските селекции во одбојка и машката и женската. Одбојкарите загубија од Франција, а одбојкарките беа поразени од Италија.
Ништо подобри не беа ниту кошаркарите и кошаркарките. Машката селекција загуби од Турција со 88-56. А женската беше прегазена од Белгија со 111-40.






