петок, 23 мај 2025

Македонија во борба со Литванија за нов пласман на Европско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 18 часот во салата „Јане Сандански“ ја пречекува Литванија во последниот и најзначаен меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на Македонија е да дојде до второто место во групата кое води на континенталниот собир. За таа цел потребно е да ја победиме Литванија со три гола разлика бидејќи тие го добија првиот меч со 29-27.

Место на големиот турнир ќе има и за најдобрите четири третполасирани од осумте групи, но за да бидеме меѓу нив и во тој случај најверојатно ќе ни биде потребна победа.

„Литванија не е само кошаркарска земја, како што многумина мислат. Станува збор за сериозна ракометна селекција со искусен тренер, играчи со богато интернационално искуство и амбициозна федерација. Очекувам вистински ракометен спектакл,“ вели селекторот Кире Лазаров.

Македонија има проблеми со повредени ракометари, но против Естонија покажавме дека сме исклучително мотивирани, триумфот со 19 разлика над Естонците само ја зголеми самодовербата кај момците на Лазаров кои со поддршка од гледалиштето ќе се обидат да ја остварат целта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ